Љубителите на кремасти колачи дефинитивно ќе уживаат во овој популарен десерт кој можете да го подготвите сосема едноставно и за многу кратко време.
Потребни состојки:
- 1,3 литри млеко
- 1 путер
- 6 лажици брашно
- 6 јајца
- 10 лажици шеќер (бел или кафеав)
- 2 пудинзи од ванила
- 2 готови кори
Начин на подготовка: Одвојте ги жолчките од белките и од белките направете шампа. Половина од млекото ставете го во сад за мешање и во него додајте ги жолчките, шеќерот, брашното и пудингот, па сето тоа добро измешајте го додека не добиете изедначена смеса. Втората половина од млекото ставете ја во еден сад и во него додајте го путерот. Загрејте на оган додека млекото не зоврие, па потоа внимателно првата смеса прелијте ја во другата, па мешајте додека не се соединат и згуснат. Варете ја смесата 5 минути, па тргнете ја оган. Потоа во садот додајте ги и белките, па со миксер на најслаба брзина добро мешајте додека смесата не се соедини. Потоа оставете ја малку да се олади. Првата кора ставете ја во длабок сад, па прелијте ја со добиената смеса, па одозгора ставете ја и другата кора.