Доколку сте љубител на тиква, оваа крем супа е одлична идеја за ручек или оброк кој можете да го сервирате со крцкаво лепче.
Потребни состојки:
- 750 грама исчистена тиква
- 4 парчиња праз
- 4 ловорови листови
- 1 лажичка исечкан рузмарин
- 100 грама ориз
- 4 лажички исечкан магдонос
- Маслиново масло, сол
Начин на подготовка: Исчистениот ориз налијте го со 3,5-4 децилитри ладна вода, поклопете го и ставете го да се вари. Кога ќе зоврие, ставете сол и варете околу 35 минути, за да се впие целата вода. Тиквата исечете ја на парчиња, а празот на тенки кругови. Ставете го во сад со дебело дно, додадете 4 лажички маслиново масло и една лажичка што поситно исечкан рузмарин. Загрејте, додајте го празот и варете на среден оган околу 10 минути, постојано мешајќи. Додајте ловор и зачини по вкус, па варете уште 5 минути. Додате еден литар врела вода и оставете да се вари 15-20 минути. Извадете го ловоровиот лист, а потоа остатокот ставее го во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса. Разделете ја супата во четири чинии, па додајте 1/4 варен ориз и една лажичка ситно исечкан магдонос.