Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за едноставна пита од тиква

Реклама

Ако сѐ уште не сте пробале пита од тиква, време е да го направите тоа. Во продолжение погледнете го најлесниот рецепт за овој специјалитет.

Потребни состојки за тесто:

  • 250 грама брашно
  • 120 грама путер
  • 50 грама шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лажичка кисела павлака
  • Малку сол

Потребни состојки за кремот:

  • 400 грама тиква
  • 150 грама шеќер
  • 3 јајца
  • 125 милилитри слатка павлака

Начин на подготовка: Исечкајте ја тиквата на мали коцкички. Во поголем сад ставете вода и во него ставете ја исечканата тиква, па оставете ја да зоврие и варете околу 15 минути или додека тиквата не омекне. По варењето исцадете ја тиквата и претворете ја во пире со миксер или блендер. Во друг сад ставете брашно, сол и шеќер. Исечкајте го путерот, ставете го во брашното и месете. Бидете што побрзи со цел путерот да не се растопи премногу. Во мешавината со брашно, путер, шеќер и сол, додајте го јајцето и павлаката, па сите состојки лесно замесете ги со рацете. Не месете предолго, туку само додека се поврзат состојките. Замотајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер околу 45 минути. Вклучете ја рерната на 180 степени, па откако ќе се олади тестото ставете го во сад или калап за печење, па печете околу 10 минути или додека тестото не стане пожолто. Потоа, извадете го од рерната и оставете го да се олади.

Потоа преминете на завршните подготовки. Јајцата и шеќерот измешајте ги со миксер додека волуменот на јајцата не се зголеми и смесата не стане светло жолта. Во тиквата ставете слатка павлака па потоа добиетена смеса лесно мешајте ја. Повторно вклучете ја рерната на 180 степени. Ставете го кремот во изладеното тесто и ставете ја питата да се пече. Ќе биде готова за околу 40 минути. Кога ќе забележите дека на самата средина тестото е малку меко, можете да ја извадите од рерната и да ја оставите да се олади.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button