Реклама
MAMAРецепти

Најубавиот чоко колач без јајца и млеко: Рецепт за брзи, лесни и вкусни какао коцки

Реклама

Најубавиот колач без јајца и млеко – еве како да направите неодоливи какао коцки.

Потребни состојки:

  • Една и пол чаша брашно
  • 3 лажички какао
  • 1 чаша кафеав шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • Половина лажичка сол
  • 1 лажичка алкохолен оцет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажички масло
  • 1 чаша вода

Начин на подготовка: Вклучете ја рерната на 180 степени. Ставете малку масло во еден сад и во него измешајте ги првите пет суви состојки. Во смесата направете три дупчиња, две помали и едно поголемо. Во едното помало ставете го алкохолниот оцет, а во другиот екстрактот од ванила, а во најголемото растителното масло. Сето ова залијте го со вода и измешајте една смеса. Печете околу 35 минути. Боднете го колачот со чачкалица за да проверете дали е готов. Ако е готов – смесата нема да се лепи за чачкалицата. Внимавајте да не стане препечен. Украсете го со чоколадна глазура.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button