Ако сте слободни викендот и сакате да направите нешто за да го изненадите вашето семејство, а притоа тоа да биде нешто брзо, а вкусно, тогаш пробајте го овој рецепт за брзи кифлички со павака.
Потребни состојки:
- 600 грама брашно
- 200 милилитри млеко
- 100 милилитри зејтин
- 1 лажичка сол
- 180 милилитри павлака
- 1 кесичка сув квасец
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 жолчка
- ленено семе
Начин на подготовка: Млекото малку затоплете го и измешајте го сувиот квасец, па додајте ја павлаката. Во брашното додајте сол и прашок за пециво, па постепено сувите состојки додавајте ги во течните и замесете меко тесто. Добиеното тесто развијте го на работната површина, исечете го и замотајте го во кифлички. Потоа редете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте со жолчка и ставете им ленено семе. Рерната загрејте ја на 180 степени и печете околу 15-тина минути.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .