Реклама
MAMAРецепти

Брз колач кој ќе ве воодушеви и со својот вкус и со својот изглед (рецепт)

Реклама

Интересен десерт кој секој би посакал да го проба.

ФОТО: stil.kurir.rs

Потребни состојки:

  • 5 јајца со средна големина
  • 180 грама шеќер
  • Малку ванила во прав или екстракт од ванила
  • 125 милилитри масло
  • 125 милилитри млеко
  • 300 грама брашно
  • 1 пакување прашок за пециво
  • 100 грама мелени ореви или лешници
  • 1 полна лажица какао

Потребни состојки за кремот:

  • 400 грама посно сирење
  • 2 јајца
  • 120 грама шеќер во прав
  • 1 пакување пудинг од ванила или 40 грама густин

Начин на подготовка: 

Кремасто изматете ги јајцата и шеќерот, па постепено додавајте масло и млеко. Измешајте го брашното, прашокот за пециво и какаото, па ставете ги во смесата од јајца и шеќер. Матете рачно, па на крај додајте ги оревите или лешниците. Тестото ставете го во сад со големина од 38х30 сантиметри, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.

За кремот измешајте ги сите состојки и ставете ги во шприц-кесичка. Исечете мала дупка (околу 1 сантиметар), затоа што смесата ќе ви биде прилично течна, па послесно ќе работите со кесичка со помал отвор. Правете дијагонални црти, а откако ќе завршите, печете го колачот на 175 степени во загреана рерна, околу 30 минути.

Маркетинг

По желба готовиот и оладен колач посипете го со шеќер во прав и уживајте!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button