Подгответе еден необичен десерт и воодушевете ги вашите најмили.
ФОТО: N.N
Потребни состојки:
500 грама кори за баклава
200 грама ореви
200 грама лешници
200 грама бадеми
750 грама мед
450 грама шеќер
125 милилитри вода
Половина кафена шолја кисела вода
150 милилитри вода
Начин на подготовка: Испечете ги оревите, лешниците и бадемите, а потоа смелете ги сите посебно. На умерена температура стопете 300 грама мед, 300 грама шеќер и вода. Со тоа премачкајте ја секоја кора, па одозгора ставете лешници, на втората кора бадеми, на третата ореви и така по ред додека не го потрошите материјалот. Потоа исечете ја на коцкички, а ако ви остане шербет, прелијте ја и попрскајте ја со кисела вода. Печете на 200 степени, околу половина час. Додека се пече, подгответе прелив од преостанатиот мед, шеќер и вода, така што сите состојки ќе ги стопите на умерен оган. Печената и топла баклава прелијте ја со шербет.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .