Ова печиво некои го сакаат дури повеќе и од кифличките!
Потребни состојки:
- 3 чаши брашно
- 50 милилитри масло
- 150 милилитри млеко
- 150 милилитри кисело млеко
- 1 лажичка прашок за пециво
- 20 грама свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- 2 јајца
Потребни состојки за фил:
- 150 грама сирење
- 150 грама кашкавал
Начин на подготовка: Загрејте малку млеко и во него стопете го квасецот. Оставете го да нарасне и ставете го во брашното заедно со прашокот за пециво. Додајте ги останатите состојки и замесете меко тесто. Оставете го да нарасне, а потоа на работната површина развијте го со дебелина од околу 6-7 милиметри, исечете парчиња, ставете од филот во нив, превијте ги преку и спремни се за печење.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .