Реклама
MAMAРецепти

Вкусна сникерс торта – брзо се подготвува и не се пече (Рецепт)

Реклама

Комбинацијата од чоколадо и кикирики ќе ги задоволи сите сетила!

Потребни состојки:

  • 300 грама мелени кикирики
  • 300 грама мелени бисквити
  • 200 – 250 грама путер
  • 250 грама шеќер во прав
  • Една кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 200 грама сечкани кикирики

Чоколаден прелив:

  • 2 чаши млеко
  • 5 лажички шеќер
  • 3 лажички какао (може и чоколадо во прав)
  • 100 грама чоколадо за готвење
  • Една лажичка маргарин

Начин на подготовка: Добро измешајте ги мелените бисквити и мелените кикирики. Путерот и шеќерот во прав добро соединете ги, па додајте ванилин шеќер и јајца. Добро измешајте за да добиете крем. Со кремот и мешавината од бисквити и кикири замесете тесто, па ставете го во сад кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, па потоа израмнете. На површината на тортата додајте сечкани кикирики и притиснете ги добро за да се залепат за тестото. На крајот ставете го чоколадниот прелив.

За да го подготвите преливот, во еден сад ставете млеко, шеќер, какао и маргарин, па растопете ги на тивок оган. Тргнете го од оган и додајте го чоколадото искршено на коцкички. Кога ќе се стопи чоколаото и кремот ќе стане изедначен, прелијте ја тортата. После еден час или час и половина, повторно прлеијте ја тортата. Оставете ја да се олади преку ноќ, или пак неколку часа во фрижидер. Тортата дополнително можете да ја декорирате со исечкани кикирики.

Маркетинг

Напомена: Ова не глазура, туку прелив и нема сосема се затегне, па затоа немојте да помислите дека сте направиле нешто погршно. Поради природата на преливот, не е препорачливо да ставате други декорации, освен кикирики.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button