Солените пити се чест дел од нашата трпеза. Може да послужат како ручек или вечера, ладни се одлични и како појадок, а за нивна подготовка постојат брзброј рецепти. Денес ви прикажуваме еден рецепт за пита со шунка и сирење, а вие според своја желба може да додавате и други состојки.
Потребни состојки за тесто:
- 200 грама брашно
- 100 грама путер
- 5 лажици вода
- 1 лажичка сол
Потребни состојки за фил:
- 3 јајца
- 1 шолја исечкана шунка
- 1 шолја сирење
- Половична чаша млеко
- Половина чаша павлака за готвење
Начин на подготовка: Замесете тесто од брашното, путерот, водата и солта. Тестото замотајте го во фолија и оставете го во фрижидер најмалку полоина час. За тоа време подгответе го филот. Измешајте ги јајцата, а потоа додајте млеко и павлака за огтвење. Кога ќе добиете еднолична смеса, додајте го сирењето и шунката. Тестото развијте го со дебелина од околу 5 милиметри и обложете го калапот за печење. Ставете го филот врз тестото и печете на 200 степени околу 45 минути. Оставете ја да се олади 10 минути, а потоа ставете ја во чинија за послужување. Уживајте!