Рецепт со рицинусово масло кој ќе ви помогне да ги ублажите менструалните болки
Некои жени ја имаат таа среќа да не искусуваат големи менструални болки, но други пак едвај се справуваат со истите. Ако и вие спаѓате во втората група, тогаш испробајте го овој народен рецепт кој е едноставен и можете да го направите самите.
Потребни состојки:
- Рицинусово масло
- Термофор
- Памучна крпа
Начин на подготовка: Намачкајте го рицинусовото масло на долниот дел од грбот (областа кај јајниците) и тоа во дебел слој. Легнете на стомак, па покријте го мрсниот дел од грбот со тенок пешкир или памучна крпа. Топлиот термофор ставете го над пешкирот/крпата и оставете маслото да делува од 15 до 20 минути. Тргнете го термофорот, а доколку маслото уште не е впиено, оставете ги пешкирот или крпата уште малку да постојат. Овој лек ќе ги ублажи вашите симптоми на ПМС како што се грчевите и болките во стомакот и грбот.