Ова јадење е многу лесно и многу брзо се подготвува.
Доколку очекувате гости наш совет е да ги изненадите со овие по малку егзотични залчиња. Може да се сервира како појадок, меѓуоброк или ладно предјадење.
Потребни состојки
100 грама свежо сирење, 1 авокадо, 1 лажичка сок од лимон, потоа сол, бибер, ѓумбир и чили – по желба како и неколку ливчиња босилок.
Подготовка во три чекори
1. Прво исчистете го авокадото и убаво изгмечете го. Пота додадете сок од лимон и добро промешајте. Потоа додадете свежо сирење и исечен босилок, па додадете зачини по желба. 2. Смесата намачкајте ја на тост или препеченми лепчиња. 3. Намазот можете да го збогатите со сушени домати или некои други зачини. На пример доколку додадете мента ќе добиете уште посвеж вкус.
Во секој случај со ова необично, но многу вкусно јадење пријатно ќе ги изненадите гостите, а и вашето семејство. Само внимавајте, состојките што се наведени во рецептот се однесуваат за две лица.