Реклама
MAMAРецепти

Рецепт: Сарма со свежа зелка на еден поинаков начин

Реклама

Не грижете се, сармата не мора да биде направена само со кисела зелка. Еве како да ја направите со свежа.

Потребни состојки:

  • 1 зелка
  • 500 грама свинско мелено месо
  • 3 главици кромид
  • 1 домат
  • 2 моркови
  • 80 грама спанаќ
  • 1 лажичка сол
  • Половина лажичка бибер
  • 1 супена лажичка вагета
  • Половина лажичка сушен магдонос
  • Половина лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка кајмак
  • 1 павлака
  • 1,5 лажичка брашно

Начин на подготовка: Измијте ја зелката, исчистете ја и исечете ѝ го коренот. Ставете ја во врела вода и варете додека листовите не омекнат. Во длабок сад ставете малку масло да се загрее и додајте го исечканиот кромид, па ситно пржете. Ставете го меленото месо и продолжете со пржење. Изрендајте го морковот, а доматот исчистете го и ситно исчекајте го, па додајте го во садот. Продолжете сето ова да го пржите уште неколку минути за да се соединат состојките и месото да добие побела боја. Тргнете го садот од оган и во смесата додајте спанаќ, сол, бибер, вагета, магдонос и црвен пипер. Добро промешајте за да се соединат вкусовите.

На секој лист зелка ставете по една лажичка од смесата и завијте ја сармата. Ставете ја во сад и прелијте со вода. Изматете ја павлаката кајмакот, брашното и зачини по вкус. Ставете чаша вода за да биде потечна смесата и прелијте преку сармата. Ставете ја во загреана рерна на 180 степени и оставете полека да се пече околу 90 минути, а ако треба додавајте по малку топла вода.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button