Не грижете се, сармата не мора да биде направена само со кисела зелка. Еве како да ја направите со свежа.
Потребни состојки:
- 1 зелка
- 500 грама свинско мелено месо
- 3 главици кромид
- 1 домат
- 2 моркови
- 80 грама спанаќ
- 1 лажичка сол
- Половина лажичка бибер
- 1 супена лажичка вагета
- Половина лажичка сушен магдонос
- Половина лажичка црвен пипер
- 1 лажичка кајмак
- 1 павлака
- 1,5 лажичка брашно
Начин на подготовка: Измијте ја зелката, исчистете ја и исечете ѝ го коренот. Ставете ја во врела вода и варете додека листовите не омекнат. Во длабок сад ставете малку масло да се загрее и додајте го исечканиот кромид, па ситно пржете. Ставете го меленото месо и продолжете со пржење. Изрендајте го морковот, а доматот исчистете го и ситно исчекајте го, па додајте го во садот. Продолжете сето ова да го пржите уште неколку минути за да се соединат состојките и месото да добие побела боја. Тргнете го садот од оган и во смесата додајте спанаќ, сол, бибер, вагета, магдонос и црвен пипер. Добро промешајте за да се соединат вкусовите.
На секој лист зелка ставете по една лажичка од смесата и завијте ја сармата. Ставете ја во сад и прелијте со вода. Изматете ја павлаката кајмакот, брашното и зачини по вкус. Ставете чаша вода за да биде потечна смесата и прелијте преку сармата. Ставете ја во загреана рерна на 180 степени и оставете полека да се пече околу 90 минути, а ако треба додавајте по малку топла вода.