Реклама
MAMAРецепти

Посна чоко баклава – испробајте еден поинаков рецепт

Реклама

Еден малку поинаков рецепт за овој познат десерт.

Потребни состојки:

  • Посни кори за баклава
  • 100 грама посно чоколадо
  • 100 грама гриз
  • 200 грама ореви
  • 250 грама посен маргарин

Потребни состојки за прелив:

  • 500 грама шеќер
  • 4 децилитри вода
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • Сок од половина лимон

Начин на подготовка: Најпрво сварете го преливот за баклава со шеќер, ванилин шеќер, вода и сок од лимон. По 3-4 минути варење, тргнете го од оган и оставете го целосно да се олади. Во една чинија соединете ги мелените ореви, гризот и изренданото чоколадо и сето тоа добро измешајте го.

Редете по 3 кори една врз друга, свиткајте ги на половина, па на краевите ставете три лажички фил, па замојтајте ги и редете ги во сад за печење. Исечете ги на еднакви делови па прелијте ги со стопен маргарин и печете 20 минути на 200 степени (готови се кога ќе пожолтат). Прелијте ја врелата баклава со ладен прелив.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button