Реклама
MAMAРецепти

Рецепт кој ќе ве освои: Полнети тиквички со мелено месо

Реклама

За денешниов ручек ви предложуваме да го испробате овој рецепт.

Потребни состојки:

  • 3 средни тиквички
  • 1 главичка кромид
  • Половина килограм мелено месо (мешано)
  • Маслиново масло
  • Сол
  • Бибер
  • 1 јајце
  • Сирење по желба
  • Говедски гулаж

Начин на подготовка: Ситно исечкајте го кромидот, запржете го, а потоа додајте го меленото месо. На сето ова одајте вода и зачинете со сол и бибер. Додека месото се пржи, добро измијте ги тиквичките, прсечете ги на половина (а ако се поголеми слободно сечете ги на четвртина), па издлабете ги со голема лажичка, ставајќи ја смесата од тиквичките во посебен сад. Потоа ставете ги тиквичките во претходно намачкан сад со маслиново масло. Премачкајте ги и нив со маслиново масло, а по желба може да ставите и некои зачини, па потоа оставете ги да се печат од 20 до 30 минути, на 200 степени целзиусови.

Смесата која ја извадивте од самите тиквички ставете ја во прженото мелено месо, а по желба може да додадете и тврдо сирење. Испечените тиквички полнете ги со смесата, а потоа во садот додајте малку говедски гулаж. Печете ги уште 15-тина минути. Кога ќе видите дека тиквичките добиле убава румена боја, извадете ги и послужете ги.

Маркетинг

Добар апетит!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button