За денешниов ручек би можеле да подготвите пилешко со тиквички.
Потребни состојки:
- 400 грама пилешки филети
- 400 грама тиквички
- 100 милилитри масло
- 50 милилитри вода
- 50 милилитри вино
- Масло од сусам
- Сув зачин, сол, бибер по желба
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото на парчиња. Не лупете ги тиквичките, туку само пресечете ги на половина, па потоа исечете ги на тенки парчиња. Кратко попчете го исечканото месо. Ставете сол и извадете го. На истото масло кратко запржете ги и тиквичките. Ставете сол и додајте ѓумбир. Вратете го месото и прелијте го со вода и воно. Додајте сув зачин и кратко оставете да зоврие. На крајот додајте масло од сусам.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .