Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за најубавата посна салата од компири и пченка

Реклама

Дозволте му на овој специјалитет да биде дел од вашата посна трпеза и ќе се уверите дека нема да зажалите!

Потребни состојки:

  • 1 килограм компир
  • 2 моркови
  • 5-6 кисели краставички
  • 1 мала конзерва пченка
  • Сол и бибер
  • 5 печени пиперки (за декор)
  • Маслинки

Начин на подготовка: Измијте го компирот и ставете го да се вари, па потоа излупете го. Кога ќе го излупите изгмечете го добро, за да добиете хомогена смеса. Зачинете со сол и бибер по вкус. Можете да додадете малку и маслиново масло. Морковот исечете го на коцкички, а можете да го ставите свеж или варен. Исто така и киселите краставички исечете ги на коцкички. Пченката исцедете ја од водата. Покријте еден кружен длабок сад со фолија. Ставете ја половина од смесата компири и одозгора ставете го целиот морков, киселите краставички и пченката, па потоа покријте со преостанатиот дел од компирите. Завијте со фолијата и оставете да постои 1 до 2 часа. Потоа сервирајте ја во чинија и одозгора декорирајте со печени црвени пиперки, а од страната наредете маслинки.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button