Дозволте му на овој специјалитет да биде дел од вашата посна трпеза и ќе се уверите дека нема да зажалите!
Потребни состојки:
- 1 килограм компир
- 2 моркови
- 5-6 кисели краставички
- 1 мала конзерва пченка
- Сол и бибер
- 5 печени пиперки (за декор)
- Маслинки
Начин на подготовка: Измијте го компирот и ставете го да се вари, па потоа излупете го. Кога ќе го излупите изгмечете го добро, за да добиете хомогена смеса. Зачинете со сол и бибер по вкус. Можете да додадете малку и маслиново масло. Морковот исечете го на коцкички, а можете да го ставите свеж или варен. Исто така и киселите краставички исечете ги на коцкички. Пченката исцедете ја од водата. Покријте еден кружен длабок сад со фолија. Ставете ја половина од смесата компири и одозгора ставете го целиот морков, киселите краставички и пченката, па потоа покријте со преостанатиот дел од компирите. Завијте со фолијата и оставете да постои 1 до 2 часа. Потоа сервирајте ја во чинија и одозгора декорирајте со печени црвени пиперки, а од страната наредете маслинки.