Реклама
MAMAРецепти

Рецепт на денот: Ролат од компири и риби

Реклама

Бидејќи компирите често се дел од нашата трпеза, еве како можете да ги подготвите на еден поспецифичен начин…

Потребни состојки:

  • 1 килограм компири
  • 100 грама маргарин
  • 200 грама сварени и исчистени риби
  • 200 грама спанаќ
  • 200 грама моркови
  • 2 чешниња лук
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка: Сверете ги компирите во солена вода, исцедете ги, додајте маргарин па изматете. Намачкајте со зејтин три парчиња проѕирна фолија и развијте три еднакви делови од пирето. На првата ставете фил од исечканите риби и варениот спанаќ зачинет по вкус. На втората ставете мешавина од риба и варени моркови, па зачинете по вкус, а на третата ставете мешавина од риба, спанаќ и моркови. Секоја кора завијте ја во ролат и додека дојде време за сервирање ставете ја во фрижидер за добро да се стегне. Сечете на парчиња и наизменично наредете од сите три видови.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button