Реклама
MAMAРецепти

Медена торта: Им успева на сите, а се прави за половина час (Рецепт)

Реклама

Медената торта е едноставна за подготовка, а вкусот е неодолив. Откако еднаш ќе ја направите, ќе сакате да ја подготвувате почесто, затоа што таа е здрава, посна и не ви одзема многу време.

Потребни состојки:

  • 300 милилитри кисела вода
  • 150 милилитри зејтин
  • 100 грама шеќер
  • 2 лажички мед
  • 1 лажичка пекмез од сливи
  • 300 грама брашно
  • 3 лажички какао
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 3 лажички цимет

Потребни состојки за премачкување:

  • 4 лажички пекмез од сливи

Потребни состојки за глазура:

  • 200 грама посно црно чоколадо (да содржи најмалку 40% какао)
  • 2 лажички зејтин
  • Околу 100 грама сечкани бадеми

Начин на подготовка:

Измешајте го брашното, сода бикарбоната, шеќерот, циметот и какаото, па во таа сува смеса додајте кисела вода, зејтин, мед и пекмез од сливи. Кога сето тоа добро ќе го измешате, смесата ставете ја во калап за печење. Печете околу половина час на 200 степени.

Врелата кора премачкајте ја обилно со пекмез, па прелијте преку неа со растопено чоколадо, па одозгора ставете исечкани бадеми, а за нивна замена може да користите ореви или лешници.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button