Денес ви прикажуваме еден рецепт кој се подготвува без бел шеќер и бело брашно.
Потребни состојки:
- 1 чаша кафеав шеќер
- 3/4 чаша мед
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 чаши интегрално брашно
- 2 лажички сода бикарбона
- 1/4 лажичка прашок за пециво
- 2/3 чаша јогурт
За глазура:
- 1/2 исечкано чоколадо за готвење
- 1/4 чаша слатка павлака
Начин на подготовка: Вклучете ја рерната да се загрее на 160 степени, па подмачкајте го калапот за куглоф. Во сад за матење измешајте путер и мед, додека не добиете пенаста смеса. Ставете и екстракт од ванила, па едно по едно јајце, а потоа наизменично додавајте брашно со сода, прашок за пециво и јогурт. Соединете ги состојките, па на самиот крај додајте парчиња чоколадо. Готовата смеса ставете ја во калап и печете околу 55 минути. Извадете го колачот и почекајте да се олади 35 минути во калапот, па извадете го во чинија за послужување. За да направите глазура, ставете ја слатката павлака да се загрее до точка на варење, ставете исечкано чоколадо, оставете го да се олади неколку минути за да добиете газна глазура. Со неа прелијте преку колачот.