Реклама
MAMAРецепти

Го направи и Меган Маркл, а сега сите сакаат да го пробат: Колач со банани по кој полуде целиот свет (Рецепт)

Реклама

Овој едноставен и вкусен колач со банани е омилен десерт на многумина, а го обожава и војвотката од Сасекс која го подготви за време на посетата на Австралија со принцот Хари.

Меган Маркл е голема љубителка на чоколадни десерти со банана, а откако во подготви овој рецепт, сите сакаат да го дознаат нејзиниот рецепт. Како и вообичаено, кога станува збор за членовите на кралското семејство, заинтересираноста за овој колач нагло порасна. Војвотката, како вистински гурман, не ги откри своите тајни припреми за овој колач, но познато е дека во основните состојки додала и ѓумбир, па колачот го збогатила и со парчиња чоколадо. Ако и вие сакате да ги изненадите вашите најмили, подгответе го самите во вашиот дом.

Маркетинг

Потребни состојки:

  • 3 зрели банани
  • 80 милилитри кокосово масло
  • 80 грама мед
  • 80 грама кокосов шеќер
  • 2 јајца
  • Половина лажичка екстракт од ванила
  • Малку сол
  • 185 грама ‘ржано брашно
  • 40 грама какао во прав
  • 1 лажичка сода
  • Половина лажичка цимет
  • 80 грама чоколадо

Начин на подготовка: Во сад измешајте го ‘ржаното брашно, какао, сол, сода и цимет. Во посебен сад изматете ги јајцата со кокосовото масло и шеќерот, аромата од ванила, медот и бананите. Сувите состојки додајте ги во сад со влажните состојки, па со лажица добро соединете ја смесата. На крајот додајте исечкано чоколадо. Смесата ставете ја во долг калап за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Колачот печете го 35 минути на температура од 180 степени. Со чачкалица проверете дали е испечен. Печениот колач изладете го на собна температура.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button