Реклама
MAMAРецепти

Домашни кифлички со сланина кои ќе ги обожавате вие и вашите гости

Реклама

Кој не сака кифлички за појадок или вечера?

Пробајте го овој рецепт со тенко исечкана сланина поради која кифличките ќе бидат уште повкусни. Секако, можете да додадете и топено сирење, а потоа сето ова да го зачинете со омилените семиња. Избирајте помеѓу сусам, лен, ким, додајте крупна сол и уживајте во овие едноставни домашни кифлички.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BqO4ewlnWHH/?utm_source=ig_embed

Потребни состојки:

  • 500 грама брашно
  • 1 чаша кисела павлака
  • 1 лажичка квасец
  • 200 милилитри топло млеко
  • 70 милилитри зејтин
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • Малку шеќер

Начин на подготовка: Разматете го квасецот во топло млеко, со малку шеќер и оставете го да постои околу десетина минути, па измешајте го со останатите состојки. Тестото би требало да биде меко, но не и лепливо. По потреба додајте уште брашно или течност. Оставете го да постои околу 10 минути, а за тоа време вклучете ја рерната ан 200 степени, изматетеедно јајце и подгответе ги семките. Тестото поделете го на три дела и секој дел мотајте го во круг. Исечете кругови, полнете ги и замотајте ги во кифлички. Пред печењето намачкајте ги со разматено јајце, ставете сол и семките. Печете 15 минути додека не добијат убава боја.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button