Ви се јаде нешто слатко? Испробајте ја оваа чоколадна торта која може да ја направи и најголемиот аматер во кујната.
Потребни состојки:
- 250 грама чоколадо
- 200 грама путер
- 3 јајца
- 200 грама шеќер
- 1 лажица екстраркт од ванила
- 80 грама брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- Малку сол
- 80 грама какао
Начин на подготовка: Растопете го чоколадото, па во него додајте го путерот и мешајте додека не добиете мазна смеса. Во смесата ставете ги и јајцата и екстрактот од ванила. Добро соединете ги и мешајте со лажица. Додајте шеќер и добро промешајте. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: брашно, какао, сол и прашок за пециво, па соединете ги со остатокот од смесата. Потоа ставете ја смесата во калап за торти и печете од 25 до 30 минути во загреана рерна на 180 степени. На крај посипете ја тортата со уште малку какао. Уживајте!
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .