Летото е при крај, па за многумина завршува и сезоната на сладолед. Во уште неколкуте топли денови што остануваат, разладете се со оваа вкусна и евтина сладолед торта.
Потребни состојки:
- 250 грама бисквити
- 3 лажички растопен путер
- 1,5 килограм благо растопен сладолед
- 200 грама овошје по избор
Начин на подготовка: Ставете во блендер 10 парчиња бисквити и смелете ги на ситни рончиња. Додајте го путерот и м ешајте додека не добиете еднолична смеса. Мешавината ставете ја во сад за печење со големина од околу 222 сантиметри со дно кое може да се отстрани. На кората наложете осум цели бисквити. Потоа ставете го и сладоледот и распоредете го по цела површина. Потоа врз сладолед распоредете го и овошјето. Тортата ставете ја во змрзнувач и оставете ја да стои најмалку осум часа, односно додека не стане доволно цврста.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .