Реклама
Шминка

Мат карминот од Radiant е дефинитивно најдобриот што сум го пробала во последно време

Реклама

Кога помислувам на квалитетен, течен, мат кармин кој патем е долготраен и лесно се нанесува, веднаш и прв на памет ми доаѓа Matt Lasting Lip Color SPF 15 од Radiant Professional Make Up. 

Обожавам вакви производи кои веднаш ми оставаат одличен прв впечаток. Уште од кога го отворив и го нанесов за прв пат, не ми се веруваше дека со само еден слој, овој течен мат кармин ми траеше во текот на целиот ден.

Маркетинг

Веднаш се забележува богатата, кремаста текстура и прекрасниот пролетен мирис но, она што е поважно е неговата формула која е збогатена со природни масла, масни киселини и витамин Е. Овие состојќи ги смируваат, навлажнуваат, омекнуваат и се грижат за вашите усни. Она што навистина ми се допаѓа, а ни вие не смеете да го заборавите е тоа што овој течен кармин е со заштитен фактор 15, нешто што е потребно во овие сончеви, топли денови.

Маркетинг

Кликни тука и види ги и другите нијанси на овој кармин »

Нанесувањето на обичниот кармин на прв поглед изгледа едноставно, но за да добиете беспрекорен ефект потребно е малку повеќе внимание за да не останете со искривена, неправилна линија. Па затоа овој течен, мат кармин доаѓа со посебна, прецизна четкичка за усни која ќе ви помогне да постигнете совршени, професионални резултати без потешотии.

Она што го обожавам кај овие течни, мат кармини е тоа дека доаѓаат во 32 нијанси (види тука), што е сосема доволно за да го одберете вашиот нов омилен, но сигурна сум дека од кога ќе го пробате, ќе се заљубите и ќе сакате повеќе. Интересното кај кармините е тоа што го менуваат целиот изглед на шминката и ви даваат доволно простор да експериментирате со различни бои за да дознаете што ви одговара, а што не.

Кликни тука и види ја цената на овој кармин »

Доколку сакате нежна шминка, одберете некој неутрален, но доколку сакате да оставите интересен впечаток, одберете некој кој ќе ги лови туѓите погледи.

Автор: Александра Азманова
Фото: А.А. 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button