Реклама
Дом и семејство

СОВЕТИ ЗА МАМИ И ТАТЕ: 9 реченици кои треба постојано да им ги повторувате на вашите деца

Реклама

Во комуникацијата со вашите деца некои зборови и реченици имаат поголема вредност од другите бидејќи делуваат позитивно и ја поттикнуваат социјалната интелигенција на вашите деца. 

Обидете се да ги внесете во вашиот речник и што почесто да ги повторувте.

Маркетинг

Сите родители се свесни дека е важно да разговараат со своите деца. Сигурно и постојано се трудите без разлика на реакцијата од нивна страна. Сепак, треба да имате во предвид дека некои работи се посебно важни бидејќи делуваат позитивно и ја поттикнуваат социјалната интелигенција на вашите деца.

Посветете внимание на следново:

Маркетинг

1. Те сакам, без разлика на тоа што го направи. Треба да земете во предвид дека до десеттата година децата не можат да прават јасна разлика помеѓу „На мама не и се допаѓа моето однесување“ и „Мама не ме сака“, за нив се тоа е едно и исто. Затоа укажувајте му на детето дека погрешило, но повторувајте му дека го сакате без разлика на сè.

2. Ќе успееш. Верувам во тебе! Ваша задача како родител е да го охрабрувате детето кога ќе се поколеба и да му поставите цели кое може да ги исполни. Во семејниот живот секојдневно се јавуваат низа можности детето да се покаже како успешно, односно успешно да ги заврши своети задачи. На пример само да се облече, да помогне во средувањето на садовите, местењето на креветот и сл.

3. Не е важно ако згрешиш. Децата постојано грешат, како и сите ние. Сите грешиме и учиме од нашите грешки. Не е важно тоа што детето постојано греши додека се учи да вози велосипед, да црта или кажува стихотворба, важно е да се негува и поттикнува желбата за учење нови работи, за пробување на нови нешта и да се отстрани стравот од неуспех.

4. Подели со другите. Децата се егоисти и понекогаш се плашиме дека никогаш нема да се научат да ги делат своите работи со другите.Тие треба да се научат да ги толкуваат туѓите емоции и да знаат како да реагираат на нив, набљудувајќи ги возрасните. Кога родителите помагаат во толкувањето на емоциите тогаш детето учи што е тага, страв, бес, радост, среќа и сл. а не се чуди што му се случува.

5. Кажи „благодарам“. Детето се учи на убаво однесување дома, од родителите. Затоа постојано внимавајте на вашето однесување и често корситете зборови како „благодарам“.

6. Не значи НЕ! Кога ќе ми забраните на детето нешто значи дека влегуваме во конфликт со него. Тоа испитува кои ни се слабите точки, дали сме изморени, нерасположени и испробува различни стратегии. Ако попуштиме детето нема да научи како треба да се однесува, затоа бидете истрајни.

7. Види што направи. Речениците од типот „Добро го направи тоа!“ во принцип им се бесмислени на децата. Всушност, децата често не знаат како успејале да направат нешто и учат повторувајќи одредена вештина повеќе пати. Затоа, подобри се речениците од типот: „Сам се качи на лулашката, браво!“.

8. На мене секогаш можеш да ми се обратиш за помош. Децата мораат да се чувствуваат сигурно. Сигурно место е во скутот на родителите кои секогаш треба да се тука за нивните деца. Како што расте детето, сигурност пружа родител кој постојано внимава, но му овозможува на детето независно да се развива.

9. Убаво го правиш тоа, само продолжи. Многу критики и поправки не помагаат бидејќи мораме сами да пробуваме и да се обидуваме да направиме нешто додека сами не успееме и сфатиме. Така е и со децата и затоа треба да им овозможиме да учат преку пракса.

Извор: roditelji.hr

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button