CelebrityНаши ѕвезди

Ребека со срцепарателна порака за 19. роденден на синот Маркијан – „Искачивме многу планини, а нè чекаат уште“

Advertisement

Пејачката и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска Ристески, денеска слави голем семеен јубилеј – нејзиниот прв син Маркијан наполни 19 години.

Ребека на социјалните мрежи сподели емотивно видео составено од фотографии низ годините – од моменти на планина, дружби со неговото куче миленик, па сè до фотографии со неговите помали браќа, близнаците Макариј и Доротеј.

Advertisement

„19 години. Искачивме многу планини, а нè чекаат уште. Ви благодариме на честитките. Им благодариме на сите добри луѓе кои на некаков начин помогнаа за да стигнеме ние и Маркијан до тука. Слава на Бога“, напиша Ребека во описот на објавата.

Покрај мајката, честитка за роденденот на Маркијан упати и неговата тетка Хелена, која живее на Нов Зеланд. Таа на Инстаграм Стори објави негова фотографија со кратка, но топла порака: „Среќен роденден, Маркијан“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button