NEWSВести

Реакција на психолог по видеото со херојот Јован – Апелирам да престанеме да го правиме ова!

Advertisement

Пред еден ден од херојот Јован Костадинов од Виница беше споделено видео од неколку минути каде што тој раскажува за кобната ноќ 16 март 2025 година во Кочани.  Видеото беше објавено на профилите на социјалните мрежи на Supportkocani.

По ова излезе со реакција Тиана Ивановска од „Себесложувалка“ лиценциран психолог и гешталт терапевт. Таа објави видео изјава каде шрто сака да апелира не само до луѓето коишто стојат зад платформата Supportkocani.  туку кон сите, со цел да се внимава што се споделува на социјалните мрежи бидејќи ова се сензитивни времиња.

Advertisement

 

View this post on Instagram

 

A post shared by СебеСложувалка (@sebeslozuvalka)

Advertisement

Според Ивановска голема грешка е тоа што е објавено ова видео од Јован.

– Како што можете да заебележите тој телесно се тресе додека тоа го раскажува и одново се присетува на тоа што го поминал таа вечер. Таквите видеа се многу штетни по лицето коешто раскажува и се присеќава. Мораме да имаме предвид дека се работи за тинејџер, дете од 18-19 години и дека тој се уште  минува во развоен процес се уште расте и не го пребродува така лесно тоа трауматско искуство. Дополнително проблемот го гледам и во тоа што тој јавно ги споделува деталите од несреќата – вели таа.

Ивановска додава дека и во процесот на истаргата од страна на надлежните при земањето на изјави на лица сетоа тоа се прави многу внимателно, се со цел да да не се направи ретаруматизација на жртвите.

– Сакам да нагласам дека полицијата  тоа се прави со одредени процедури, бидејќи тоа е нивна работа тие мораат да приберат докази, затоа сакам да го споредам со содржини на социјални мрежи . Да ги иставиме тие искази да си ги прибира полицијата, а ние да се потрудиме да бидеме повнимателни што споделуваме на интернет. Да бидеме една поддршка, а не да ја разоруваме болката – рече Ивановка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by СебеСложувалка (@sebeslozuvalka)


Психологот вели дека ова видео го направила со цел да апелира,

– Апалирам до луѓето коишто стојат зад иницијативата Supportkocani да ги тргнат таквите видеа, затоа што слушнав дека имало и друго видео од друго момче како го споделува трауматското искуство од таа вечер. Имам уште еден апел што е исто така важен. При објавување на ваква содржина треба на публиката да ѝ се нагласи дека станува збор за вознемирувачка содржина, бидејќи вие не знаете кој ќе го кликне и кој го следи тоа видео од другата страна, како што тоа го прават професионалните медиуми – вели Ивановска.

Погледнете го целото видео на Ивановска во продолжение.

Во продолжение следуваат ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА.

Во приолг ви го сподалуваме сведоштвото на херојот  Јован Костадинов -преживеан во несреќата во Кочани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani


Сведоштво на херојот Борче Јованчевски, лице коишто јго преживаеаапожарот во Кочани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

Од иницијативата Supportkocani  известија дека ја надградиле нивната страна со нова рубрика во која се сместени контактите на психолозите од Комората на психолози на Македонија коишто се овде за поддршка на населениото.

Повеќе детали на следното видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button