Реклама
Престиж

’Разоткриена‘ новата Nissan Micra

Реклама

Фотографите на еден познат англиски автомобилски магазин успеаја да направат неколку ’скришни‘ фотографии од најновиот извозен продукт на познатата јужнокорејска фирма, Nissan.

Маркетинг

Станува збор за кола која ќе биде изградена на нова, ултралесна платформа, наречена V-platform која што би требало да се користи на голем број мали возила, во која листа за сигурно влегува и таканаречената нова MPV.

Моделов примарно е конструиран за коли кои што своите индивидуални способности треба да ги покажат при возење по патишта кои во најмала рака треба да се наречат ’предизвикувачки‘ во земји во развој (замислете само некој – било кој – регионален пат кој е дел од македонската патна инфраструктура и сé ќе ви биде јасно како ден), што јасно говори дека својот квалитет ќе го покаже онаму каде што другите ’електрични машинки за бричење‘ наречени автомобили не се снаоѓаат баш најдобро.

Маркетинг

Исто така, како податок се наведува дека оваа платформа ќе биде модифицирана за западниот пазар каде што се рафинираноста на изработката секогаш е нагласена сом посебен акцент за квалитет!

Моторите кои се планираат за моделов вклучуваат примерок со зафатнина на моторот од 900 cc, со 1.2 литарски мотор и 1.5 турбо дизе. Комбинацијата кај колава од лесно тело и голема брзина на вртежите на моторот е загарантиран рецепт за одлични перформанси и нагласена економичност во потрошувачката на гориво.

Уште еден последен податок кој се наведува на списокот подобности поради кои автомобилов вреди и треба да се провери (во најмала рака), е новиот брзински трансмитер, наречен CVT, кој што би требало да го зголеми уште повеќе чувството на возење по мек и мазен пат.

Ние само ќе додадеме дека станува збор за возило кое што би требало (барем според ова што го пишува во неговата спецификација) да претставува идеален избор за секој поединец и семејство во нашата држава кои размислуваат за набавување на нов градски автомобил кој што ги премостува сите урбани пречки на градското живеење. Погледнете:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button