Вести

Разбеснета мајка упаѓа во училница и се заканува на ученици – „ќе те заколам, ќе бидам твој ноќен кошмар“

На снимката се гледа како жената влегува во училница и се соочува со двајца ученици кои ги смета за одговорни за инцидентот на наводно малтретирање во кој била вклучена нејзината ќерка и им се заканува со најстрашни зборови.

Advertisement

Се појавија неверојатни снимки од мајка која се заканува дека ќе му го „пресече“ грлото на 12-годишно девојче откако упадна во училница за да се соочи со неа поради наводното малтретирање на нејзината ќерка.

Полициска истрага е започната за травматичниот настан кој се случи во колеџот Сент Пол во Гилис Плејнс во североисточниот дел на Аделаида во понеделникот попладне.

Advertisement

На снимката се гледа како жената влегува во училница и се соочува со двајца ученици кои ги смета за одговорни за инцидентот на наводно малтретирање во кој била вклучена нејзината ќерка.

Жената била задржана од двајца мажи – од кои едниот наводно ѝ бил сопруг – додека шокираните студенти од Осмо одделение гледале, пишува Дејли меил.

принтскрин -Дејли меил

„Ако повторно имаш работа со ќерка ми, ќе ти го пресечам грлото“, вреска жената и додава -„Јас ќе бидам твојот ноќен кошмар кучко … Ќе ти го пресечам грлото. Ќе те начекам.“

Advertisement

Инцидентот се случил помалку од една недела откако учениците се вратиле на училиште за првиот семестар.

Полицијата на Јужна Австралија потврди дека е покрената истрага.

принтскрин Дејли меил

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button