Растевме заедно, беше само 5 години постара од мене – македонската „Гранд“ ѕвезда со тажна порака
„Санела моја, нека милосливиот Алах ти го подари најубавото место во рајот. Беше добра душа, тоа сите го знаат...“

Повторно смртен случај во семејството
Македонската „Гранд“ ѕвезда, Ален Хасановиќ, сподели тажна вест на својот профил на социјалните мрежи.
Почина неговата тетка со која што тој беше мошне близок, па тажната вест ја сподели на својот Инстаграм и ги растажи фановите.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Некој да ми ја раскажеше твојата судбина во соништата, ќе умрев од мака. Не ми беше само тетка и сестра на мојата мајка, туку ми беше и потпора и другарка. Заедно растевме, беше само 5 години постара од мене.
„Санела моја, нека милосливиот Алах ти го подари најубавото место во рајот. Беше добра душа, тоа сите го знаат, добрите души патуваат таму каде што престојува вечната среќа. Ќе ми недостигаш секој ден, во секоја тишина што останува зад тебе“, напиша пејачот во објавата.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Тој оваа порака ја напиша преку слика од неговата тетка Санела, за која вели дека била само 5 години постара од него.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Потсетуваме, Ален Хасановиќ неодамна се разведе од својата сопруга со која што беше две години во брак.
Оваа вести ги изненади сите, посебно што Ален никогаш не криел колку ја сака својата сопруга, а за нивната раскошна свадба се зборуваше со денови. Тие често споделуваа среќни моменти на Инстаграм, но и разделбата и двајцата ги избришаа сите заеднички фотографии.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Пејачот ги растажи сите и неодамна кога исто така сподели тажна вест, на година дена од смртта на уште еден лен од семејството.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Ален и тогаш беше многу тажен и сподели емотивна порака, а повеќе за ова прочитајте во текстот што следува:
Македонската Гранд ѕвезда ги растажи фановите со емотивните зборови – болката се уште е голема >>