Реклама
Кафе муабет

Последиците се долготрајни: Еве како растењето без татко влијае на децата

Реклама

За жал, многу деца растат без татко, а првиот знак дека детето го почувствувало неговото отсуство се манифестира во неговото однесување.

 tatko

За жал, многу деца растат без татко, а првиот знак дека детето го почувствувало неговото отсуство се манифестира во неговото однесување. Не мора да значи дека секое дете има квалитетен живот со двајцата родители, но ако се земе предвид дека се подразбира во секое семејство да постои здрав однос помеѓу неговите членови, тогаш секое дете треба да има и татко покрај себе.

Маркетинг

Според психоанализата, љубовта на мајката кон детето е безгранична, семоќна и неповторлива, при што таквото искажување на емоциите кај детето влева сигурност и заштита. Детето знае дека во целост зависи од мајката и дека без неа не може. Од друга страна се наоѓа таткото, главата на семејството. Таткото го напушта детето тогаш кога не е физички присутен во куќата, кога поминува повеќе време надвор, но и тогаш кога е физички присутен, но не обрнува внимание на детето, не разговара со него, не се интересира за неговите проблеми и слично. Најтежок облик на напуштање е целосното одвојување од семејството, на пример, тогаш кога таткото си оди од куќата и формира друго семејство.

Секое напуштање се прифаќа тешко. Во случај кога таткото во целост го напушта семејството, последиците кај детето се најтешки и најдолготрајни. Тогаш се случува улогата на татко да биде заменета со некоја друга, присуство на друг маж во животот, што може позитивно да влијае на неговото растење, или пак постојат ситуации кога никој никогаш не може да ја замени улогата на биолошкиот татко. Многу луѓе имаат став дека во отсуство на едниот родител другиот може да биде и мајка и татко, меѓутоа, се смета дека само со мајката децата не можат да се зајакнат психички онолку колку што би можеле тоа да го направат во присуство на таткото.

Маркетинг

Која и да е причината за напуштањето, детето тоа ќе го почувствува и последиците ќе се појават понатаму во животот, во различни мери. Отсуството на таткото отвора длабока емоционална рана, посебно во помладите години на растење. Таа празнина останува присутна засекогаш и ниту една друга личност не може во целост да го надополни отсуството на човекот кој треба да биде глава во семејството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button