Расте бројот на загинатите во страшната несреќа – на повредите им подлегнал и Андреј од „ДНК“
Нови страшни информации во врска со несреќата што ја потресе и зави во црно цела Македонија

Телма објави дека починал и Андреј од ДНК
Се огласи со тажна порака Братот на Ѓорѓи Горѓиев кој беше член на „ДНК“ и кој настрада во пожарот во Кочани.
Тажната вест дека и тој е меѓу жртвите што настрадаа во трагедијата што се случи во раните утрински часови во дискотеката во Кочани ја соопшти градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, а истата ја потврди и братот на загинатиот музичар од Струмица.
„Око мое почивај во мир. Ќе ми недостигаш. Мнооогу те сакам“, напиша Димитар на својот профил на социјалните мрежи.
Инстаграм
Потсетуваме, во болница е и Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК кој има изгореници и е на кислородна поддршка.
Меѓу загинатите во големата несреќа во дискотеката во Кочани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски.
Инстаграм
Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез науки, а свиреше и со бендот ДНК.
Инстаграм
Информацијата што се прошири дека Андреј Георгиевски е добро, кој исто така е дел од ДНК, произлезе дека не е точна.
Мајката на пејачот Андреј се уште го нема пронајдено својот син и ги има посетено сите болници во Скопје, но од него нема ни траг, објавија пред неполн час медиумите, но Телма туку што сподели дека и тој е починат.
Како што може да се прочита и од социјалните мрежи, информациите дека тој е пронајден и дека е во болницата во Штип е неточна.
Инстаграм
„Информацијата за Андреј дека е најден во Штип во болница не е точна. Имам луѓе моментално таму и проверено ви кажуван. Не споделувајте дезинформации“, сподели Стефан Лазаров на социјалните мрежи.
epp
Тој потоа сподели и едно стори во кое се вели дека Андреј последен пат бил виден жив како се враќа во клубот за да им помогне на децата.
Инстаграм
Телма туку што објави дека и Андреј починал, а оваа информација им била потврдена од семејството.
ТикТок
Од неофицијални информации, конечниот број на жртвите биде уште пострашен, но засега епилогот не смее никој да го соопшти.
@mome_king1live kocani makedonija koj ke odgovara za vakva tragedija od 51 pocinati mladi deca i nad 100 povredeni🥺🙏#macedonia🇲🇰 #kocani #tragedia #fyp #fyp #fyp #foryou #foryou #foryou
Голем број од лицата што се низ болниците се во критична состојба, а од многу од нив се на апарати и се борат за живот.