Овие чизми преку ноќ ги снема од продавниците
Пред неколку месеци Ив Сен Лорен ги претстави чизмите за есен 2017 а сега веќе се распродадени! Станува збор за чизми украсени со по 3000 кристали од Сваровски а кои чинат 7700 евра. Светкавите чизми најпрво ги носеше Ријана, која уште во февруари веднаш по ревијата во Париз се пофали дека буквално ги соблекла од манекенките. Потоа следуваа Селин Дион, Рита Ора, Кендал Џенер, а неодамна во нив се прошета и Јелена Карлеуша.
Тие сега можат да се најдат само не eBay и тоа со за 3300 евра поскапи од оригиналот кој и онака е прескап. Некои блогерки веќе направија свои верзии а на јутјуб можете да видите како и сами да направите сличен модел, но ве предупредуваме – воопшто не е лесно!
{youtube}HcR24lBVVF8{/youtube}