Расплакаа дете во Вараждин – му го земаа знамето со сонцето од Кутлеш, се крена голема паника (видео)
Македонската фаланга во Вараждин привлекува огромно внимание во јавноста. Многубројната публика која ја полни салата и ја бои во боите на Македонија е доминантна.
Пред почетокот на Светското првенство во ракомет, излезе информација дека македонски навивачи биле држени четири часа на хрватската граница каде им ги барале знамињата со „Сонцето од Вергина“. И покрај тоа што им било забрането да го веат ова знаме македоснската публика ги развиори црвено-жолтите платна на сите страни и на натпреварот со Унгарија и денеска со Холандија, вклучувајќи го и старото знаме и државното знаме.
– Нас никој не може да ни забрани да носиме знамиња, ние го имаме нашето државно знаме, но и ова кое го чувствуваме како свое и не можат да не спречат со тоа да го вееме. Ние никого не навредуваме – рече еден господин во видео објавено од Сител ТВ.
Маркетинг
МаркетингView this post on Instagram
На денешниот натпревар публиката беше жестока во навивањето, а по завршувањето на натпреварот Македонија -Холандија (32-37), се почувствува огромно разочарување во салата и ситуацијата ескалираше. Од публиката почнаа да фрлаат предмети кон теренот, кон судиите и кон противниците и покрај тоа што неколку пати беа опоменати.
Премногу пенали досудија данските судии за Холандија, според нашиот селектор ова беше неправедно суден натпревар на полза на противникот.
– Ова личеше на сѐ, освен на меч од СП!
Дополнително, нов инцидент се случи денеска поврзан со знамето со сонцето од Кутлеш. На едно детенце му го земале ова знаме и настанала огромна драма. Детето плаче вознемирено, возрасните се расправаат. Погледнете во краткото видео објавено од Сител ТВ во продолжение, што се случувало.
View this post on Instagram
Потсетување за тоа како гласи кодексот на однесување од страна на домаќините, организатори на Мундијалот.
Хрватската ракометна федерација го објави кодексот на однесување на навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство.
„За безбедност и пријатно искуство на сите посетители, ве молиме придржувајте се до следниве правила за внесување знамиња во салата“.
1. Максимални димензии на знамето: 200 cm x 150 cm (2 m x 1,5 m)
2. Забрането:
-Знамиња кои го покриваат погледот на другите гледачи.
-Знамиња со навредлива содржина или политички пораки.
3. Дозволени се само официјалните знамиња на земјите учеснички на првенството.
Македонија во недела ќе си ги одмери силите со Гвинеја.