Реклама
Наши ѕвезди

Распеаниот ѕидар од Битола што победи во „Гранд“ со НАЈУБАВАТА ВЕСТ – се огласи и ги израдува сите

По четврти пат стана дедо: Сине, ти благодарам!

Реклама

Некогашниот победник во „Никогаш не е доцна“, битолчанецот Бејхан Рамов по четврти пат се оствари во улога на дедо.

Ова среќна вест Бејхан ја сподели преку социјалните мрежи и истакна дека е горд што е дедо на четири внуци.

Тој на својата објава на Фејсбук му се заблагодари на Господ, но и на својот најмлад син Озган и снаата за новиот внук.

Маркетинг

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Инаку, Бејхан се ожени кога имал само 16 години, а денес со својата сопруга има три деца и четири внуци од нив.

Маркетинг

Фејсбук/ Бејхан Рамов

Тој се прослави во „Никогаш не е доцна“, а учествуваше и победи истата година кога победи и пејачката Ленче Кукиќ.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Во шоуто често го нарекуваа распеаниот ѕидар заради својата професија од која не се откажа и кога стана популарен.

Фејсбук/ Бејхан Рамов

И како што самиот истана во една пригода за „Гранд“, најголема желба му беше да изгради куќа за своите синови.

Па така Бејхан и на врвот од својата слава не се откажа од градежните работи, па си остана скромен човек, а за себе вели дека не го храни песната, туку работата и потта, а со песната од која што исто така нема никогаш да се откаже, често ја користи и да ги развесели своите колеги на работа во градежништвото.

Фејсбук/ Бејхан Рамов

Потсетуваме, Бејхан победи во „Никогаш не е доцна“ со гласовите од публиката преку СМС пораки, а устата година победи и Ленче Кукиќ, која освои две титули, една од Фејсбук гласањето и од жирито.

Бејхан тогаш со својот извонреден глас ги освои сите, а како звучеше еден од неговите настапи, потсетете се во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button