Раскошна викендичка како во филмовите – ќерката на најбогатиот Македонец покажа како живее
Оваа млада дама од Македонија полека, но сигурно ги освојува и социјалните мрежи
Преубава зимска идила како од бајките
Кика Мукаетова ужива во животот со полни гради, а една од нејзините последни објави ги воодушеви нејзините фанови.
Имено познатата тинејџерка сподели една заедничка фотографија со Калиопи и со истата и го честиташе роденденот, а потоа покажа уште еден интересен детаљ од своето секојдневие.
Кики овој пат ја сликаше прекрасната вила која изгледа како оние раскошните планински куќи од холивудските филмови.
Инстаграм/ Кика Мукаетова
Таа го сликаше каминот, но и огромната елка висока неколку метри, додека на ѕидот направен од дрво се гледаат неколку икони.
Инстаграм/ Кика Мукаетова
Внатрешноста на оваа раскошна вила изгледа како да е излезена од некоја новогодишна разгледница, но не е познато дали Кики престојуваше во недвижнина на семејството или во изнајмена вила.
Инстаграм/ Кика Мукаетова
Потсетуваме, Кика која се прослави со тинејџ-серијата „Дајте музика“ и која сега е актуелна со новата емисија „Низ град со Кики“, е ќерка на Живко Мукаетов, најбогатиот бизнисмен од Македонија.
Инстаграм/ Кика Мукаетова
Според магазинот „Недељник“, Мукаетов е на 32. место на листата со најбогатите бизнисмени од поранешна Југославија.
Инстаграм/ Кика Мукаетова
Според овој магазин и нивата топ-100 листа, богатството на Мукаетов, првиот човек на Алкалоид и претседател на РФМ, е проценето од речиси 800 милини евра, така што според оваа листа на „Недељник“ тој е најбогатиот човек во Македонија.
Принтскрин
Но покрај тоа што е успешен бизнисмен, Мукаетов важи и за голем филантроп и хуманитарец, посветен и на инвестирањето во заедницата.
Фондацијата која го носи името на неговиот татко, Трајче Мукаетов, и оваа година, седумнаесетта по ред, додели стипендии за најуспешните студенти од Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Само во рамките на оваа фондација, фондацијата има доделено стипендии на вкупно 699 студенти, а оваа година на Живко Мукаетов му беше доделена и наградата „Премиум партнер“ во рамките на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ организирана од Црвен крст на грд Скопје.