Раскина со момчето, па се фрли во смрт од 4700 метри – трагедија што го потресе целиот свет (видео)
Вест што го потресе Островот

Предупредување: Оваа статија има содржина во која се зборува за самоубиство што некои читатели може да ја сметаат за вознемирувачка
Како што пренесуваат британските медиуми, искусна падобранка од оваа земја намерно се фрлила во смрт од 4700 метри височина.
Станува збор за 32 годишната Џејд Дамарел која, според истрагата, за време на падот не ги отворила ниту главниот ниту пак помошниот падобран, а го деактивирала и автоматското вклучување.
Фејсбук/ Џејд Дамарел
Џејд која по професија била менаџер за маркетинг претходно оставила неколку проштални пораки и податоци за своите финансии.
Нејзината смрт во четвртокот беше прогласена за самоубиство, откако беше утврдено дека имала намера да си го одземе животот.
Tragic news: Experienced skydiver Jade Damarell, 32, died during a jump in County Durham. SkyHigh Skydiving says her death is suspected to have been “a deliberate act.” Investigations ongoing. #Skydiving #JadeDamarell pic.twitter.com/fxhS8CiD80
— Iris (@Iris_i_Life) May 2, 2025
Родена во Хонг Конг и со седиште во Керфили, Велс, Дамарел била ентузијаст за падобранство и направила повеќе од 500 скокови.
Таа и на денот на нејзината смрт направила шест сосема безбедни и рутински скокови пред да реши да си го одземе животот.
Како што пренесуваат британските медиуми, Џејд само една вечер претходно раскинала со момчето кое исто така е падобранец.
Фејсбук/ Џејд Дамарел
Истрагата утврди дека таа како искусна падобранка била свесна дека мора да го отвори падобранот пред да се спушти на одредена висина, а според извештајот на Британскиот сојуз за падобранство, нејзината опрема била потполно исправна, а уредот за автоматско вклучување кој исто така бил сосема во ред, таа самата го исклучила.
Лиз и Андру Самуел, нејзините родители, по повеќемесечната спроведена истрага за медкумите изјавија.
„Нашата драга Џејд беше една брилијантна, убава, храбра и навистина посебна личност. Беше ведра секогаш, со авантуристички и слободен дух, живееше со неверојатна енергија, страст и љубов, а со својата топлина и добрина допре до неброени животи“, изјавија родителите на Џејд за медиумите.