Летото пристигна, па така оние што вежбаа на време, сега можат без проблем да се соблечат и да се сончаат покрј некој базен или море.
А сите оние кои се уште не се во совршена (мислиме на задоволителна!) форма, па и за нив се уште не е доцна. Но, само доколку почнат веднаш и доколку ги применуваат овие вежби за рамен стомак.
Утринска гимнастика
Започнете го денот со вежби на мускулите кои се на стратешките делови од вашето тело. Силните стомачни мускули не само што ќе во го зацвртсат телото, туку ќе делуваат и како внатрешен корсет и ќе ви помогнат во обликувањто на вашата половина.
Погледајте како го прават тоа ангелите на Викторија:
{youtube}wJJa4pELcls{/youtube}
Појадок
За добри стомачни мускули важен е и појадокот. Вашиот прв оброк ќе го забрза метаболизмот и ќе го поттикне топење на маснотиите. Здравиот појадок ќе ве заштити од лошите навики, т.е. во нешто подоцните часови нема да изедете ќесичка смоки или чипс. Доколку имате чувство на надуеност, тоа може да биде и поради млечните производи. Затоа избегнувајте ги. Појадувајте овесна каша, мусли со бадеми и брусници, палачинки со цимет…
Храна што не треба да се јаде
Доколку сакате рамен стомак, тогаш избегнувајте ја мрсната и солената храна, газираните сокови, па дури и некои видови на овошје и зеленчук. Наместо тоа изберете храна која го намалува стомакот како што се краставиците или овесните снегулки.
Помалку калории
Направете ја вашата исхрана така што нема да ви недостига енергија, а нема да внесувате премногу калории. Одбирајте храна која што брзо ќе ве засити и со која нема да внесувате многу калории во вашиот организам. Внесете во вашата исхрана јаткасти плодови, овесна каша, јабуки, листес зеленчук како блитва и спанаќ, семенки, јајца, јогурт, лосос, лимон или супа.
{simplepopup}
{/simplepopup}