Новата хит диета во Америка ветува дека ќе добиете рамен стомак без да вежбате. Сé што треба да направите е да го промените начинот на исхрана.
Новата диета за рамен стомак, која е апсолутен хит во Америка, вели дека за еден месец можете да изгубите дури до 7 килограми и да добиете прекрасен рамен стомак без да се потите во теретана и да правите безброј стомачни.
Диетата се заснова на медитеранскиот начин на исхрана.
Според авторите на диетата, рамниот стомак ќе се добие како резултат на внесувањето на мононезаситени масни киселини со секој оброк. Со оваа диета дневно се внесуваат 1600 калории поделени во три главни оброци и една до две ужини, во зависност од тоа колку брзо сакате да ослабите. Како и кај повеќето диети се препорачува исхрана сочинета од зеленчук, овошје, интегрални житарки, јаткасто овошје, легуминози и немасни протени.
Но, оваа диета се разликува од другите по тоа што со секој оброк мора да се внесе и една од следниве намирници: маслинки, авокадо, лешници, бадеми, ореви, соја, ленено или маслиново масло. Сите тие се богати со монозаситени масни киселини, кои според авторите, помагаат да се согорат мастите во пределот на стомакот. Овие масти се различни од мастите на колковите бидејќи се метаболички активни и придонесуваат за појава на болести на срцето и крвните садови, како и на неки видови на тумори. Според тоа, покрај губењето на несаканите килограми и посебно на маснотиите на стомакот, оваа диета ќе ви донесе и подобро здравје.
Она што исто така е интересно во врска со оваа диета е тоа што авторите велат дека не е потребно напорно да вежбате, но во секој случај, се препорачува лесна физичка активност.
На интернет можете да најдете различни табели со пресметани калории на храната што ја внесуваме. На некои производи ќе најдете назначен број на калории што ги содржи производот. Можеби на почетокот ќе ви изгледа малку заморно да броите калории, но брзо ќе се навикнете. За само неколку дена ќе знаете колку калории содржат вашите омилени намирници и нема да има потреба да проверувате во табелите.
Подолу е даден пример на дневен план за исхрана на диетата за рамен стомак.
Појадок: овесни снегулки со бадеми, едно јаболко
Ручек: сендвич од интегрален леб со шунка и кашкавал, салата од зелка и домати
Вечера: пастрмка, боранија, две лажици мелени ореви
Ужина: четврт чаша хумус, една црвена пиперка, две лажици лешници