Моќен пијалак кој ги отстранува болестите: Еве кои здравствени тегоби ги лекува ракијата
„Напијте се малку ракија, ќе ви биде подобро“, зборови кои сигурно сте ги чуле барем еднаш во животот.
Добрата стара ракија е доста позната на нашите простори, а приказната за нејзините лековити својства се пренесува од генерација на генерација. Ракиите од слива и грозје се најпознати, но со оглед на високиот процент на алкохол, треба да бидете претпазливи со нејзината консумација. Еве кои здравствени проблеми можете да ги лекувате со неа.
Болки во желудник
Изедовте тежок и масен оброк кој ви предизвика болка во желудникот? Малку ракија и веднаш ќе го смирите желудникот.
Забоболка
Голтнете малку ракија и држете ја околу десет секунди на болниот заб, исплакнете ја усната шуплина, па плукнете. Повторете го ова уште 2-3 пати, со мали паузи.
Болка во грлото
Ако воспалението на грлото е предизвикано од бактериска инфекција, ракијата успешно ќе го дезинфицира, а исто така ќе ви помогне и чај од билки во кој ќе додадете малку ракија.
Лоша циркулација
Нашите баби и дедовци често по будетењето се напивале една чаша ракија со цел да ја поттикнат забавената утринска циркулација.
Уролошки проблеми
Ракијата со магдонос е одличен сојузник во борбата против бактериски инфекции на уринарниот тракт.