РАК-СТРЕЛЕЦ
Оваа врска е идеална, ама за пријателство. Стрелецот ќе му раскажува на Ракот за своите авантури низ светот а Ракот пак ќе му ги доловува убавините на семејното живеење. Но, ниту Ракот сака авантури, освен во приказните, а пак за Стрелецот домот му е целиот свет.
РАК-ЈАРЕЦ
Оваа врска може да успее само во оваа комбинација кога жената е Рак и ако Јарецот е поискусен. Тврдото и помалку нечутвително срце на Јарецот може да го стопли нежниот и грижлив Рак, а Јарецот да го обезбеди матерјално за удобно живеење.
Врска која може да ја биде.
РАК-ВОДОЛИЈА
Ракот сака една личност додека Водолеецот ги сак сите луѓе на планетата.
Во суштина и едното и другото е љубов, а на таа точка и може да дојде до спој на овие две сосема различни природи. Интересно е што можат да се скараат па да се смират, па пак да се скараат и никогаш суштински да не се разделат.
РАК-РИБИ
Би се помислило дека два водени знака одлично ќе функционираат, што е и можно. Проблемот е само што се потребни се првични исклучително силни чувства, како истите би се зацврснале , фиксирале и траеле, бидејќи Рибите имаат тенденција на променливост на чувствата. Врска која лесно може да успее.
РАК-ОВЕН
Тотално промашување како врска, бидејќи се работи за различни интереси на две сосем различни индивидуи. Овие два знака се во латентна кавга во зодијачкиот циркус, па тешко ќе функционираат и како пријатели. Во реалниот живот постои и оваа комбинација, но вреди да се избегнува. Не е од најсреѓните.
РАК-БИК
Ако двата знака сакаат а сакаат спокоен домашен живот без многу возбиувања, со едноличност, ова е идеална комбинација. Малку знае да биде и досадна, но на нив двајца не им пречи. Врска која успева од прва.
РАК-БЛИЗНАЦИ
Ова аврска треба да е одобрена од вишата божја управа, ако се сака таа да функционира. Замислете сега некое место со извор-Рак и благ развигорец-Близнаци. Идната година на истото место пак се е исто и изворот и развигорчето. И така илјада години, меѓу нив ништо не се случува иако се блиску всушност се космички далеку.