На овој хороскопски знак не му одговара хаотичност и голема несреденост. Со него уште веднаш мора да воспоставите однос кој ќе се темели на доверба и искреност. Неговата основна слабост е што често му се менува расположението, при што некогаш е непредвидлив. Меѓутоа, ова не значи дека Ракот е неодлучен. Кога тој ќе започне нешто, тогаш не се откажува додека истото не го добие.
Ракот е подготвен по секоја цена да ги дочека своите пет минути за да дојде до посакуваното. Уште од мали нозе тој знае како да го оствари зацртаното. Неговите солзи се магични и нема срце кое може да имодолее. Малиот Рак ќе ве плени со своите крупни очи и долги трепки.
Ракот има својблизок круг на пријатели за кои би го дал и својот живот, но за останатите нема никаков простор. Тие не обожаваат изненадни посети, без претходно да се најавите, па јасно ќе ви дадат до знаење дека доаѓате во незгодно време. Имајте предвид дека кога посетувате Рак мора да го почитувате неговиот ред.
Овие личности се поврзани со семејството и понекогаш им е потребна голема одлучност за да се отселат од дома и да започнат со создавање свој нов дом. Мајката ја почитуваат најмногу, а и жените играат голема улога во нивниот живот. Тие се толку насочени кон своите блиски, при што ретко откриваат детали од својот интимен живот. Најубавите работи ги чуваат само за себе!