MAMAРецепти

Рафаело торта без печење и готова за миг – кремаста, се топи во уста

Оваа Рафаело торта е совршена летна сладост – не се пече, се подготвува брзо, а вкусот се за чиста десетка. Кокос, кремаст фил и слоеви од пишкоти што се топат во уста – и сето тоа без рерна. Идеална е за секоја пригода. 

Advertisement

Рафаело тортата е еден од оние десерти што секогаш наоѓа место на трпезата – едноставна, без печење, со лесни состојки и вкус кој многумина го сакаат. И ние сме „луди“ по оваа торта.

Овој рецепт не бара посебни вештини, туку само малку време и добра волја, а резултатот е торта со богат вкус, одличен избор за летните денови.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Оваа варијанта на подготовка, инспирирана од рецептот што се пренесувал од генерација на генерација, се прави со состојки што најчесто сите ги имаме дома. Без украсни трикови и без гламур, само едноставна подготовка и проверен вкус.

Во продолжение ви го пренесуваме рецептот чекор по чекор – таков каков што го правеле нашите баби, но со мали прилагодувања за денешната кујна.

Состојки:

За фил:

Advertisement

5 јајца

200 г шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

150 г густин

1,3 л млеко

Други потребни состојки :

300 г пишкоти

200 г крем сирење

150 г кокос (во ќесичка)

80 г бело чоколадо (стопено)

Рафаело бомбици за декорација

принтскрин јутјуб

Подготовка:

Во тенџере изматете ги јајцата, шеќерот, ванилин шеќерот и густинот. Потоа постепено додавајте го млекото и варете на тивок оган со постојано мешање околу 5 минути, додека се згусне како пудинг. Тргнете го од оган и оставете го да се лади на собна температура околу 1 час.

Во изладениот фил додадете го крем сирењето и кокосот , па сè добро соединете со миксер.

Во калап (25 x 26 см) наредете еден ред пишкоти, врз нив нанесете од филот, па повторете ја постапката. Одозгора прелијте со стопено бело чоколадо и украсете со Рафаело бомбици по желба.

Оставете ја тортата во фрижидер најмалку 2 часа да се стегне. По желба, дополнително разладете ја уште 20 минути пред сервирање.

Совет од баба:

Ако сакате пишкотите да бидат помеки, накратко натопете ги во кокосово млеко или благо засладено обично млеко – ќе добиете уште посочна и повкусна торта!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button