CelebrityНаши ѕвезди

Радост и гордост – Драгица Стевковска-Дракче со нежна објава за роденденот на својот внук (Фото)

Advertisement

Драгица Стевковска-Дракче, водителката ни е драга поради нејзината топлина во емисијата „Готвиме со Дракче“, денеска јавно ја сподели својата среќа. На социјалните мрежи таа објави фотографија од својот внук Андреј, по повод неговиот роденден, придружена со кратка, но исклучително емотивна порака.

„Среќен роденден, убав на баба“, напиша Дракче, а објавата веднаш предизвика лавина од честитки од нејзините следбеници и пријатели.

Advertisement


Стевковска последниве месеци се врати на малите екрани по долг и тежок период, откако се соочи со сериозни последици од несреќен пад. Таа претходно откри дека долго време не знаела дека состојбата е опасна, сè додека не се појавиле силни симптоми и нејзиното здравје драматично не се влошило.

„Не беше болест, туку пад по скали. Мислев дека ќе помине, но по две недели почнаа вртоглавици, повраќање… На првата снимка ми рекоа дека морам веднаш на кардиологија, срцето било во критична состојба“, раскажуваше водителката во свое скорошно гостување.

Подоцнежните испитувања откриле дека со месеци работела со сериозни повреди – скршено едно колено, а другото напукнато, со дополнителни проблеми со кичмата.

„Бев тежок пациент“, призна таа, објаснувајќи дека поминала низ долга терапија со инјекции, масажи и разни алтернативни третмани, сè додека конечно не застанала на нозе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button