Реклама
NEWSВести

Радoсна вест за овие пензионери – Ќе добијат по 2500 денари на сметките

Реклама

Доколку си пензионер со ниски примања, односно пензијата ти изнасува 22.640 тогаш ги исполнуваш условите да аплицираш на овој конкурс од општина Кисела Вода, за да добиеш 2 500 денари парична помош, но треба и да се жител на оваа општина.

Продолжуваме со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.
Со оваа мерка, финансиска помош ќе добијат сите пензионери кои примаат старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија и се жители на општина Кисела Вода, а чии месечни примања не надминуваат 22.640 денари според јануарскиот чек за 2025 година – стои во објавата на социјалните мрежи од оштина Кисела Вода.

 

Маркетинг

 

View this post on Instagram

 

Маркетинг

A post shared by Република Македонија (@dracevcanec.mk)

Од општината велат дека тие о покријат и персоналниот данок, кој не е пресметан во овие средства.

Нашите највозрасни жители, пензионерите, заслужуваат сигурност и достоинствен живот, а ние како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ да им го олесниме секојдневието.
Во изминатиот период воведовме бесплатен транспорт за пензионерите до здравствени и административни институции, проектот ,,Итно копче” кој овозможува брза реакција во итни ситуации, како и програмата за грижа и нега на повозрасните лица – пишува во објавата.

Од општината појаснуваат дека имаат и други планови за  за подобрување на условите за живот.

Аплицирањето е започнато  и ќе трае сѐ до исцрпување на средствата предвидени за оваа мерка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button