![](/wp-content/uploads/2025/02/gl-780x470.png)
Далибор Крстевски по професија е академски сликар и тоа успешно го работи, но има големо искуство и како моден дизајнер, со акцент на рачната изработка.
![](/wp-content/uploads/2025/02/dalibor.jpg)
Љубовта кон рачната изработка ја има уште од мала возраст, почнал да ја истражувам уште како дете.
– Израснав во традиционално семејство, посветено на традицијата и уметноста. Рачната изработка во семејството беше и е, доста активна и креативна. Со текот на изучувањето се роди интерес и љубов кон плетењето, некако ја засакав таа креативност и почнав да ја негувам, да создавам. Интересот кон уметноста и цртањето некако си дојде сам по себе, почнав тие две работи да ги поврзувам за да дојдам до некој склоп на традиција со модерна уметност”, ни раскажува Далибор.
![](/wp-content/uploads/2025/02/d1.jpg)
Во неговите дела тој почнал да ги додава неговите творби како печат и препозналив стил на неговиот личен начин на изразување во уметноста, споена со рачна изработка и уметност.
![](/wp-content/uploads/2025/02/d2.jpg)
![](/wp-content/uploads/2025/02/d3.jpg)
Плетеш капи, шалови, џемпери… Колку време е потребно да се изработи едно уникатно парче и каде ги пласираш?
– Почнав да изработувам разни плетки што ги употребувам во плетење на капи, шалови, џемпери и други ракотворби. Потребно време зависи од мотивот, од начинот на изработка, дезенот и големина на тоа парче. Ги пласирам секаде, зависи кој, и од каде ми ги нарачува.
![](/wp-content/uploads/2025/02/d4.jpg)
Колку за плетењето се заинтересирани младите, има ли интерес за пренесување на занаетот, а со тоа и за сочувување на традицијата?
– За рачна изработка (плетење) има интерес од младите, тие ми се најверни побарувачи, секогаш бараат уникатно парче што ќе го имаат само тие. За пренесување на занаетот, зависи од личноста дали доволно ја познава нашата традиција и вредноста на таа традиционална вредност и културата, но, да, има интерест.
![](/wp-content/uploads/2025/02/d5.jpg)
![](/wp-content/uploads/2025/02/d6.jpg)
Кои се трендовите во плетивата денес?
– Трендовите секоја година-сезона се менуваат. Оваа сезона се модерни плетените џемпери. Но секогаш се бараат и носат капите и шаловите.
Bucket -капите го имаат тој носталгичен стил од 90-тите, кој постојано се враќа во мода правејќи ги вистински моден класик. Јас ги изработувам со плетење со една игла (чингалајка) и употребувам волница и разни конци во разни бои, кои ги комбинирам да бидат впечатливи, а сепак модерни и достапни за секого, за најмалите и за возрасните.
![](/wp-content/uploads/2025/02/d11.jpg)
![](/wp-content/uploads/2025/02/d12.jpg)