Кафе муабет

Подобро направете ги овие работи за да не жалите кога ќе остарите

Advertisement

Немањето доволно време или пари се најчестите изговори кои ги користиме за да не патуваме, а потоа, во еден момент, и да сакаме да го направиме тоа нема да можеме.

stari

Advertisement

Немањето доволно време или пари се најчестите изговори кои ги користат луѓето за да не патуваат. Неколку различни истражувања покажале дека луѓето во староста не можат да си опростат на себе за тоа што не патувале повеќе додека биле млади, здрави, подвижни и кога имале повеќе енергија. Ако немате доволно пари за хотели и ресторани, спијте во камп, хостел и понесете храна од дома. Ако немате доволно време, отидете на кратки патувања или искористете некој викенд. Каде што постои волја, постои и решение. Погледнете ги овие неколку работи за кои најчесто жалат луѓето кога остаруваат.

Остануваат во врска која не им одговара

Еднаш се живее, па затоа искористете ги шансите на најдобар начин. Тоа секако подразбира љубов. Не треба постојано да влегувате од една врска во друга, но никако не смеете да останете со некој кој не ве прави среќни.

Advertisement

Многу се грижат за тоа што ќе речат луѓето

Постојано работете на себе, поставувајте си нови цели и рокови кои треба да ги достигнете, па воопшто не грижете се што ќе кажат другите. Повремено погледнувајте се во огледалото и прашајте се: Дали гледате среќна личност? Тоа е најважното, а не како ве гледаат другите.

Се плашат да кажат „те сакам“

Кога последен пат сте му рекле некому дека го сакате? Тоа не мора да биде личноста со која сте во врска или брак. Кажете им „те сакам“ на вашите родители, деца, најдобри пријатели или можеби соработници. Изговорете го тоа гласно и не плашете се од своите чувства.

Многу работеле

Трката за пари, кариера и функција, честопати ве оттргнува од луѓето кои ги сакате и кои ве сакаат, но и од самите себе. Кога последен пат сте се смееле, онака од срце?

stari

 

Не поминувале доволно време со своите деца

Не ставајте им го на децата во раце далечинскиот управувач од телевизорот, лаптопот или слични играчки на струја. Тие брзо ќе пораснат а вие уште побрзо ќе сфатите колку ви недостигаат оние денови кога вашите деца биле немирни, плачливи, будни цела ноќ, гладни цел ден… Уживајте во времето поминато со вашите деца, затоа што тоа е најдрагоценото нешто што го имате.

Не поминувале доволно време со своите родители

Можеби мислите дека тие ви „досадуваат“ постојано прашувајќи нешто, а нивните приказни не ви одговараат. А потоа, еден ден нив веќе ќе ги нема и вам тоа ќе ви недостига, па ќе сфатите дека некои грешки никогаш не можат да бидат исправени. Втора шанса не постои!

Не ризикувале доволно

Со животот не треба да се коцкате, но не треба ни да го потрошите на досадни работи, само затоа што се сигурни, на лоши луѓе, само затоа што ви се најблиски и слично. Барајте нешто подобро!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button